Флојд Мејведер не успеа да го победи Јутјуберот Логан Пол
Флојд Мејведер Џуниор, еден од најдобрите боксери во историјата, не успеа да го победи Јутјуберот Логан Пол во егзибициската борба што се одржа на стадионот „Хард рок“ во Мајами.
Натпреварот беше договорен за осум рунди, нокаутите беа дозволени и немаше судии во рингот. Логан Пол ги издржа сите осум против никогаш поразениот боксер и на крајот го изненади Мејведер кој по борбата призна дека не очекувал толку добар противник.
Двајцата борци упатија вкупно 73 удари, а Мејведер повеќето од нив ги упати во главата или телото на 16-килограми потешкиот Пол, кој поголемиот дел од борбата го помина борејќи се да го погоди боксерскиот гигант, и кога сфати дека нема да успее, тогаш се реши на попасивен пристап за на нозе да го дочека крајот од натпреварот. На крајот, тоа му успеа, па покрај добрата заработка преку плаќање по преглед (pay-per-view), може да се пофали и дека го издржа целиот натпревар против долгогодишна пензионирана, денес 44-годишна легенда во боксот.
‘„Не сакам никој повеќе да ми каже дека нешто е невозможно. Фактот што сум тука со најдобриот на сите времиња го докажува тоа. Бев почестен“, рече Пол по борбата против Мејведер, кој ја имаше последната вистинска акција против легендата на УФЦ, Конор МекГрегор во 2017 година, кога стигна до 50-тата победа во неговата 50-та борба во кариерата.
Две години пред тој меч тој ги бранеше своите титули за последен пат во кариерата, а противник му беше Андре Берто.
„Беше забавно. Мора да разберете дека веќе немам 21 година и тој беше подобар отколку што мислев дека ќе биде“, го опиша Мејведер искуството во кое постојано се обидуваше да зададе удар за да го заврши натпреварот, а Пол успеа да го избегне, а потоа се држеше близу до противникот во клинч, со што спречи каква било серија или некој нов обид од негова страна да го собори.
На крајот, тој успеа.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање