Флекенштајн ја повика ЕУ да започне преговори со Македонија

Европратеникот Кнут Флекенштајн ги повика лидерите на ЕУ да отворат преговори со Македонија и Албанија на јунскиот Самит.
- Мора да биде јасно дека треба да делуваме во Македонија, има нов ветер таму, договорот со Бугарија го илустрира тоа, мораме да го поддржиме она што го направија Ципрас и Заев, а направија суштински напори да го решат спорот за името, изјави Флекенштајн денеска на пленарната седница на Европскиот парламент.
- Имаме напредок и во Албанија, владеењето на правото е можеби подобро и од некои ЕУ држави. Треба да почнеме преговори со овие земји, рече Флекенштајн.
Тој повика и на отворање нови преговарачки поглавја со Црна Гора и Србија, и напредок во либерализацијата на визниот режим со Косово доколку се исполнети условите.
- ЕУ треба да се реформира, знаеме, но работите можат да одат паралелно, преговорите не значат дека сте член на ЕУ, порача Флекенштајн.
Тој ја повика ЕУ да биде попристуна на Балканот и дека Самит со Западниот Балкан еднаш на петнаесет години не е доволно.
Ново на Сител
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре
-

Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка
-

Средба Мицкоски - Ердоган: Владата останува посветена на создавање поволна деловна клима за нови турски инвестиции и работни места
-

Дејвис куп: Македонските тенисери се вратија во Втората светска група, совладана Црна Гора
-

На југот на Холандија 200.000 жители предупредени да ја зовриваат водата поради ешерихија коли
