Loading Video...
Фудбал
26. јуни 2020 - 18:12

ФК Вардар по 11-ти пат шампион на Македонија

Екипата на Вардар официјално е нов фудбалски шампион на Македонија одлучи денеска УО на ФФМ. Во ЛШ ќе не претставува  вицешампионот  Силекс додека во Лига Европа ќе играат екипите на Шкендија, Ренова и Шкупи.  
Со овие  одлуки од куќата на фудбалот практично е заклучена сезоната која доживеа прекин поради  пандемијата со Ковид-19. 
Во соопштението од федерацијата се потврдува дека ФК Вардар и покрај шампионската титула нема да игра во европските купови. Привилегија да игра квалификации за Лигата на шампионите доби  Силекс  додека Лига Европа е резервирана за Шкендија, Ренова и Шкупи кој има подобра гол – разлика од Македонија ЃП во пласманот со ист број бодови.  Шкупи практично во Европа ќе игра на местото на победникот на купот бидејќи ова натпреварување не го доживеа крајот. 
Потврден е и пласманот во двете втори лиги со што Беласица и Пелистер се нови прволигаши во лигата која ќе брои 12 члена. 
УО го усвои и календарот за наредната сезона која ќе стартува на 9-август кога ќе се игра првото коло од Првата лига додека на 22-август своите натпревари ќе ги започнат второлигашите.  Дуелите од националниот куп се закажани за 6-ти септември.  Доколку условите дозволат ФФМ најави одржување на редовното годишно собрание на 13-ти јули.