-->
-->
ФК Стеауа со ново име
-->
Романскиот фудбалски великан Стеауа мора да го смени името во FCSB поради судскиот спор кој го покрена Министерството за одбрана, кое во 1947 година основало клубот. Министерството за одбрана го доби судскиот спорт, што значи дека клубот чии сопственик е контроверзниот бизнисмен Џиџи Бекали мора да го смени името.
Стеауа има 26 шампионски титули во Романија, а во 1986 година клубот ја освои титулата во тогашниот Куп на европските шампиони.
„Седум милиони судии, Папата во Рим, НАТО силите, сите можат да забранат клубот да го носи името Стеауа, но неможат да го сменат фактот дека тоа е истито клуб. Сите кои сакаат можат да продолжат да го користат името Стеауа, но од денес името на клубот е FCSB“, рекол Бекали.
FCSB во 2015 година го загуби правото на користење на стадионот Ганчеа, потоа му беше забрането да го користи грбот, а со последната пресуда му е забрането и да го користи името.
Инаку, Министерството за одбрана, најави дека ќе формира нов клуб кој би започнал да се натпреварува во четвртата романска лига. Според најавите клубот ќе го носи името Стеауа.
FCSB на половина од сезоната се наоѓа на второто место на табелата со шест бодови помалку од лидерот Витролул, на чија клупа седи легендата на Стеауа, Георге Хаџи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“