-->
-->
ФК Партизан: Милинковиќ понуди оставка,најдена замена?!
-->

Фудбалерите на Партизан не успеаја да победат во Сурдулица иако имаа водство од 2-0.
На крајот резултатот со последнопласираниот Радник гласеше 2-2 што беше причина по резултатската криза првиот стратег на црно-белите Зоран Милинковиќ да понуди оставка на функцијата.
Се дознава дека неговото место барем до декември ќе го зазеде Игор Спасиќ кој го предводи Телеоптик.
Партизан игра одлично во Лига Европа каде е на чело во групата во која се уште и Атлетик Билбао, Алкмар и Аугсбург но во домашното место со само 6 победи е на 4. место со 11 бода помалку од Ц. Звезда.
Одлуката за судбината на Милинковиќ ќе биде позната денеска по седницата на УО на ФК Партизан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
