Спорт плус
30. September 2016 - 23:15

Фјури „шмркал“ кокаин, ќе ја загуби титулата?!

Светскиот шампион во бокс, Тајсон Фјури, најверојатно ќе остане без титулата бидејќи бил позитивен на кокаин, пренесоа светските медиуми.
 
На британскиот боксер на 22.септември, ден по откажувањето на реваншот со Владимир Кличко, во урината му биле пронајдени траги на дрога.
 
Официјално, Фјури и неговиот тим објавија дека тој не бил доволно спремен за борбата.
 
ESPN го пренесе писмото на Светската антидопинг агенција:
 
„Со ова писмо ве известуваме тестот на урина под реден број 4006253 на Тајсон Фјури е направен на 22.септември 2016 и е анализиран на анаболици, бета-2 агонсити, на стимуланси и забранети лекови. Резултат на тестот: Позитивен. Во урината се најдени траги на бензоиллекгонин“.
 
Фјури има право да побара да му биде направен и Б тест.