Свет
29. October 2015 - 14:42

Фишер: Логично е проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан

Проширувањето на ЕУ од 28 на 34 држави членки, со пристапување на шест држави од Западен Балкан, е логично и одговара на реалноста, оцени денеска во Приштина претсеателот на Австрија Хајнц Фишер.

Во обраќање во собранието, Фишер рече дека Австрија смета дека е пожелно да се интегрираат државите од Западен Балкан во Европската унија.

Тој сепак, нагласи дека тоа е поврзано со услови како што е владеење на правото и борбата против корупцијата.

Фишер го повика Косово да стане дел од тоа семејство истакнувајќи дека Австрија има одговорен однос спрема Косово и се надева на брза европска интеграција.

Тој се осврна и на актуелните тензии на политичката сцена на Косово, апелирајќи на соработка на сите партии.

– Ниту еден политички систем не е совршен, но демократијата може да се развие, оцени Фишер повикувајќи ги пратениците да ја спознаат шансата за европска интеграција.