Македонија
27. August 2016 - 20:02

ФИС прв меѓународен ролерски натпревар во Кривогаштани

„Меѓународната скијачка федерација од 1 јуни оваа година, започнувајќи со квалификацискиот период за зимските олимписки игри во Пјонг Чанг 2018, дозволи и овие натпревари да влезат во квалификациските натпревари за  освојување на норми за овие олимписки игри. Така што важноста на ролерски натпреварите е голема како и оние зимските натпревари кои ги имаме“, вели Ѓоко Динески, селeктор на македонска репрезентација во биатлон и нордиско скијање.  
 
Трката беше долга 12 км. започна во Кривогаштани, а заврши во центарот на Крушево.
 
„Посебно задоволство беше што стартот на овој натпревар е од општина Кривогаштани и тоа ќе претставува дополнителен стимул сите вакви спортски натпревари ние како општина да ги финансираме и помагаме бидејќи спортот е многу битен фактор во општествениот живот“, кажа Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.
 
Иако ролерскиите како спорт се практикуваат одамна, ова е за прв пат во државава да се организира меѓународен ролерски натпревар, а она што е уште поважно е дека оваа манифестација е влезена во картата на меѓународната скијачка федерација и учесниците од овој настан ќе собираат бодови за оваа сезона, но и за Олимпијадата 2018 година.
 
Сонот на секој натпреварувач беше да освои што е можно повеќе бодови за квалификациите за Олимпијадата во 2018.
 
„Се надевам на добар резултат, иако тука има неколку сениори сепак немора тоа ништо да значи, се е до тренингот, сепак сме ии на домашен терен и ќе го дадеме максимумот“, рече Ставре Јада, натпреварувач од Македонија.
 
„Очекуваме да бидеме од прво до трето место, мисламд дека секако ќе имаме медал. За Пјонг Чанг треба да исполнам А олимписка норма, бидејќи имав Б норма на олимписките игри во Сочи, па ќе видиме“, вели Марија Колароска, учесник од Македонија.
 
„Ова ми е прва трка оваа година во нордиско скијање, досега скијав само биатлон, тренирав доста дома во Србија и се надевам на добар резултат на оваа трка. Мислам дека е малку потешко во зима, снегот е потежок во зима, ролерите се полесни да се возат и побрзи, исто така во зима може да биде и -30 кога скијаме, а сега во лето е добро“, рече Емер Хркаловиќ, учесник до Србија.
 
„Нашите очекувања се да дадеме се од себе, не очекуваме да бидеме први, но ќе се потрудиме, ролерскиите се побрзи од обичните скии, но сега бидејќи на оваа трка треба да се качуваме на планина, можеби ќе биде малку тешко“, кажа Димитрис Киријазис, учесник од Грција.
 
Трките беа поделени во две категории, машка и женска конкуренција. Организаторите се надеваат дека овој настан ќе стане традиционален, а слична ваква трка се подготвувала да се одржи некаде во октомври во Скопје.