Финансиска полиција со нова пријава за извршниот директор на Фени
Управата за финансиска полиција денес поднесе кривична пријава против генералниот извршен директор на „Фени индустри“, Јусуф Миракхмедов, за злоупотреба на службена должност и овластување.
Во двонеделната истрага на документацијата во „Фени“ Финансиската полиција утврдила дека директорот незаконски отуѓувал залихи на фероникел и друга руда од фабриката врз кои банките имале заложно право. Со тоа ги прекршил договорите за кредитирање и направил штета во износ од близу 30 милиони евра.
Истрагата во „Фени“ не е завршена. Дополнително се испитува работењето во фабриката пред август, годинава, и не е исклучена можноста за нови кривични пријави против раководните лица.
Јусуф Миракхмедов ја напуштил Македонија на 29 октомври од аеродромот „Александар Велики“ и сега се очекува јавното обвинителство да побара меѓународна соработка за негово наоѓање. Тој е по потекло од Киргистан, но има холандско државјанство, а во земјава имал дозвола за времен престој.
Ново на Сител
-
Приведен 60-годишник во Скопје, возел со 3,08 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
ЦУК: Еден крак од пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер е изгаснат
-
ПОЦ: Санкционирани 82 непрописно паркирани возила минатата недела
-
Прпарим Авдили од кумановско Лојане до кандидат за градоначалник на Цирих
-
Уапсени две лица во Неготино и Кавадарци, возеле со по 1.81 и 1.95 промили алкохол во крвта
-
1336 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд
-
Раул Алонсо ја напушти клупата на Еурофарм Пелистер
-
Два полициски хеликоптера го гасат пожарот во околината на Блаце