Финални активности на патот до манастирот св.Јоаким Осоговски

Во тек е реализацијата на завршните градежни активности на локалниот патен правец Варовиште - манастир Свети Јоаким Осоговски со вкупна должина од 2.163 метри, информираат од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
Патот е со ширина од четири метри, а на еден дел е изработена асфалтна ригола со ширина од 75 центиметри.
- Одводнувањето на дел од патот е решено со поставување на дренажани цевки. Заради подобро функционирање на патот коловозот на некои места е проширен за дополнителни два метри, потенцираат од општината.
Според нив, останува да се заврши поставување на заштитна челична ограда и мрежа за заштита од одрони на патот.
Изградбата на патот во должина од околу два километри се реализира со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, додека дополнителни триста метри финансира општината од сопствениот буџет.
Општина Крива Паланка ги известува граѓаните дека патот не е отворен, забрането е движењето за сите видови превозни средства и за одвивање каков било сообраќај.
Ново на Сител
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
-

ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
-

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
