Loading Video...
Тенис
10. јуни 2023 - 20:03

Финале за Ивановски на фјучерсот во Скопје

Калин Ивановски избори финале на Фјучерсот во Скопје откако денеска во три сета го совлада турскиот тенисер Ерги Киркин. Негов пртивник во финалето ќе биде Французинот Саше Вајенбург. 

Одличен меч одигра денеска на терените на Југ нашиот најдобар тенисер Ивановски иако го загуби првиот сет со 6-3. 

Во продолжението македонскиот тенисер ја прифати поддршката од домашната публика и почна да доминира против Киркин освојувајќи го вториот сет со 6-2. Доминацијата на Калин продолжи и во третиот сет во кој повторно тенисерот од Турција освои два поени. 

Финалето  на турнирот кој се игра за награден фонд од 25 илјади долари е на програмата  во недела од 13ч. Противник на Ивановски ќе му биде Французинот Саша Вајенбург ккој во првото полуфинале го совлада Вито Тоњец од Хрватска.