Финале на проектот за јакнење на доживотното учење и образованието на возрасни
Подготовка на Стратегијата за образование на возрасни и на првата Националната стратегија за доживотно учење 2018-2022, како и прилагодувања на наставните програмите за потребите на пазарот на трудот се дел од резултатите на проектот „Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системот за стручно образование и обука и образованието на возрасните" финансиран од ЕУ за кој денеска во Скопје ќе се одржи завршен настан.
Проектот е имплементиран од Британскиот совет и неговите партнери од конзорциумот, а главен корисник на овој проект е Министерството за образование и наука, јавува МИА.
Како што соопштија од МОН, на настанот, обраќање ќе имаат министерката за образование и наука, Рената Дескоска и Вирве Вимпари, раководител на Одделот за оперативни работи на Делегацијата на ЕУ во Скопје.
- Во светот во кој постојано се појавуваат нови трендови и се случуваат технолошки промени за кои се потребни нови знаења, вештини и компетенции, образованието е клучен фактор за вработување и напредување. Воспоставувањето динамична корелација помеѓу образованието и промените во социјалната сфера и пазарот на трудот беше главната цел на проектот "Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системот за стручно образование и обука и образованието на возрасните", наведуваат од МОН.
Ова, се наведува, беше постигнато со зајакнување на системот за доживотно учење, со фокус на стручното образование и обука (СОО) и Образованието на возрасни (ОВ).
Зголемувањето на можностите за вработување на оние со завршено средно стручно образование и обука ќе биде постигнато преку прилагодувања на наставните програмите за да ги задоволат реалните потреби на работодавачите и трендовите на пазарот на трудот. Во рамки на проектот беа подготвени стандарди на занимања, стандарди на квалификации и наставни програми за стручно образование, а беа обучени и повеќе од 800 лица од образовниот сектор. Направени се првите чекори во насока на создавање на модуларен систем на образование каде што фокусот е ставен на самиот ученик и неговата подготовка да биде покомпетентен на пазарот на трудот.
Во поглед на образованието за возрасни во рамките на проектот е подготвена Стратегијата за образование на возрасни 2018 - 2022, ревидирани се 15 програми за образование на возрасни, а беа сертифицирани и 48 обучувачи на возрасни. Во рамките на проектот е подготвена и првата Националната стратегија за доживотно учење 2018-2022 во Македонија.
Резултатите од проектот, според МОН, ќе придонесат кон тоа младите луѓе кои имаат завршено средно стручно образование полесно да најдат работа, а оние над 18 години да имаат повеќе можности за стекнување на дополнителни компетенции.
Ново на Сител
-
Од утре автобусите се враќаат на скопските улици – Вонредна седница на Град Скопје
-
Герасимовски: Град Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар
-
Тема на денот со Стефан Кирков, ВМРО-ДПМНЕ
-
Вонредна седница на Владата: ЈСП ќе добие нафта од државните резерви
-
Итна седница во советот на Град Скопје
-
Македонскиот јазик е на удар на соседите и со тоа е загрозен пристапниот процес во ЕУ
-
Растат платите, но и трошоците - За една година животот поскап за 13.000 денари
-
Граѓанските организации бараат државата да ги унапреди превентивните здравствени програми и да не крати средства