Филмски грабеж и потера во Тирана: Маскирани разбојници упаднаа во авион и грабнаа плен од 10 милиони евра
Припадници на албанската полиција убија еден од напаѓачите при престрелката, кои пак влегоа на Меѓународниот аеродром во Тирана и одзедоа пратка со пари, соопшти полицијата.
Во соопштението се наведува дека маскирани и вооружени разбојнции влегле на влезот означен за пожарникари, за да дојдат до авионот и да ги земат парите, па побегнале со парите, по што полицијата започнала потера по нив.
Сведоци од авионот кој сообраќал за Виена, кој бил мета на разбојниците, рекоа дека моторите на леталото биле вклучени кога во средниот дел од авионот влегле тројцата маскирани напаѓачи.
Напаѓачите на персоналот во авионот му се заканувале со оружје и им наредиле да легнат на земја.
Од полицијата наведуваат дека сторителите размениле оган со полицајците во текот на потерата на еден од споредните патишта и дека при тоа е убиен еден од крадците.
Медиумите на самото место јавуваат дека кај убиениот напаѓач е пронајдено автоматско оружје, бомба и шаржери со куршуми.
На елитните единции на полицијата во потерата им помогна и хеликоптер.
Во соопштението се додава дека најмалку тројца сторители се во бегство.
Според првичните извештаи, крадците украле два милиони евра. Од полицијата е потврдено дека парите се украдени, но не се наведува сумата.
Според информациите на холандскиот новинар Винсент Трист, кој известува од Албанија, напаѓачите однеле 10 милиони евра. Истиот извор наведува дека во потерата учествуваат најмалку 500 полицајци. Оваа сума ја потврди и британскиот Дејли мејл, повикувајќи се на локалните медиуми
Непотврдени извори наведуваат дека крадците по пресметката со полицијата го запалиле автомобилот кој го користеле во текот на грабежот, а потоа од местото на злосторството побегнале со велосипеди.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација