Македонија
24. July 2017 - 14:16

Филмска кражба во Тетово: Им влегле на спиење а потоа ги врзале и ограбиле

Утрово околу 03 часот 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека во куќата сопственост на лицето  69- годишниот Р.И на улица Мирче Ацев број 58 од  страна на непознати лица извршено е кривично дело Разбојништво.

Според првичните сознанија, околу 03,00 часот додека домашните спиеле од страна на непознати сторители кои носеле маски на главата со употреба на тврд предмет и физичка сила е влезено во куќата. Имено откако од еден од сторителите била откорната рамката на прозорот од купатилото во приземјето тој влегол внатре и потоа ја отворил влезната врата по што внатре влегле другите тројцата сторители . Во тој момент  се разбудил сопственикот на куќата и кога излегол во ходникот ги затекнал четирите лица со црни фантомки на главата со ракавици на рацете и двајца од нив ги удриле Р.И. и неговата сопруга М.И. а потоа им ги врзале рацете и почнале да извршуваат пребарување.

На првиот кат ги врзале и неговиот син М.И. и снаа Р.И. и нивните две малолетни деца, и по пребарување одзамале поголема количина разновиден златен накит, поголема количина женски и машки  часовници, 10.000 евра, мобилни телефони и возило “Ренџ Ровер“, при што според првични проценки се стекнале со противправна имотна корист од над 9.000.000 денари.

СВР Тетово во сосдејство со ЈО презема мерки за расчистување на случајот.