Филмска бркотница во Скопје: Ја пробиле полициската блокада и успеале да избегаат

Вчера околу 19 часот на улица “Божин Николов” во Скопје по претходна пријава за сторено кривично дело се упатиле полициски службеници кои забележале патничко моторно возило даеву рејсер, со скопски регистарски ознаки во кое имало две лица.
Бидејќи истите не застанале на даден знак туку со голема брзина го напуштиле местото на настанот од страна на полициски службеник е испукан еден проектил во воздух поради предупредување. Околу 19.15 часот на булевар “Борис Трајковски” во правец од населба Пинтија кон Драчево возилото повторно не застанало на даден знак, истите се дале во бегство и ја пробиле блокадата.
Потоа го оставиле возилото и пеш избегале во непознат правец, по што од страна на полицискиот службеник повторно биле испукани уште неколку проектили во воздух, соопштија од полицијата.
За настанот е известен Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Грчките земјоделци и денеска ќе ги блокираат граничните премини Евзони и Ники
-

Уште десет дена за аплицирање за студентски ваучери за ИТ уреди
-

Најстудено утрово во Берово и Битола -4 степени
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Презентација на софтвер за дигитално поврзување на Управниот суд со јавните органи и Вишиот управен суд
-

Трамп: Член на Националната гарда покажува знаци на закрепнување по пукањето
-

ЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90 проценти до 2040 година
-

Папата Лав: Европа мора да има централна улога во завршувањето на војната во Украина
