Македонија
31. August 2017 - 9:04

Филмот „Со љубов“ ќе биде прикажан во Битола

Документарниот филм „Avec I‘amour“ (Со љубов) во режија на Илија Цветковски денеска ќе биде прикажан во Центарот за култура во Битола.

Филмот раскажува за пензионираниот професор по биологија Дионис Пашлаков од Неготино кој има страст да купува олдтајмери и сон му е да отвори музеј во кој ќе ги смести старите автомобили. 

Премиерно пред домашната публика филмот беше прикажан во мај во рамки на фестивалот „Македокс“, а има учествувано и на неколку светски фестивали во Минхен, Торонто и Сараево.