Филм и дебата за бездомниците во Социјалниот центар „Дуња“

Социјалниот центар „Дуња“ во рамки на редовната програма од Дебатното кино „Контра кадар“, вечер ќе го прикаже филмот „The Saint of Fort Washington“ од 1993 година, а потоа ќе организира дискусија на тема: „Бездомниците - (не)видливи за системот“.
Во дискусијата ќе се разговара со дел од волонтерите во акцијата за помош на бездомниците во Социјалниот центар „Дуња“ и за личните проблеми со кои на улица се соочува Ванчо Спасовски кој ќе биде гостин на настанот.
Дебатно кино е културна иницијатива што организира седмични филмски проекции по кои следува дискусија за прашањата што филмот ги загатнува.
- Филмот служи како референтна точка за дикскусиите, но заедничката рефлекција на отворените прашања е главната цел на седмичните собири, додека анализата на самиот филм е во втор план. Филмската програма на „Контра кадар“ е жанровски, стилски и тематски хетерогена... Цел на иницијативата е да одржува континуирана филмска и дебатна култура и да овозможи споделување на мислењата на што повеќе поедници по однос на привремено или постојано актуелните општествени теми.
Ново на Сител
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
