Филиповски: Субвенции за еко-начин на греење во Долно Лисиче
„Во Долно Лисиче претстои подобрување на основната инфраструктура: водоводна мрежа на улица „12“, обнова на улица „2“, како и ново улично јавно осветлување, истакна Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром, во денешната изјава за медиуми.
По она што може да се забележи на терен, инфраструктурата во оваа населба е дотраена и реални се потребите за нови инфраструктурни зафати на сообраќајниците, водоводната и канализационата мрежа.
Филиповски рече дека ќе се заложи и за изградба на спортската сала во подрачното училиште „Гоце Делчев“. Во делот на уредувањето на јавните простори, ќе се пристапи и кон нивно раззеленување, како и реконструкција на спортските игралишта.
– Потребата од реорганизација на комуналните служби е воочлива и во Долно Лисиче. Затоа и тука ќе го подигнеме нивото на јавна хигиена. Преземаме одговорност за почисти улици и јавни површини, напомена кандидатот за градоначалник.
Во овој дел од Аеродром очигледен е и проблемот со аерозагадување. Од таа причина, за жителите предвидени се субвенции за набавка на печки за греење на еколошки горива. На овој начин, домаќинствата ќе добијат поддршка за да ги променат своите грејни тела, да имаат пониски трошоци, но и да придонесеме кон помало аерозагадување.
Кандидатот Филиповски и кандидатите за советници денеска ќе имаат и повеќе средби со граѓани во Долно Лисиче. Тие ќе организираат и еко – акција за засадување на нови дрвја во овој дел од општината.
Александар Филиповски, Кандидат за градоначалник на о. Аеродром
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба
-
Муцунски бара дијалог и взаемна почит - Георгиев внесување на бугарите во Уставот за отворање поглавја
-
Во Минхен средба Муцински-Георгиев – Мицкоски ќе се обрати на конференцијата утре
-
Филков: Коцевски направи сериозни грешки како јавен обвинител
-
Не сме виновни за високите цени, доматите 120 во маркет, а откуп 30 денари, велат производителите
-
Кога ќе заврши епидемијата на голема кашлица во Скопје која трае повеќе од една година?
-
Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп одбележува 75 години постоење во мизерни услови
-
Најава за продолжување на изградбата на стариот Струмички театар