Филипини: Во стодневното владеење на Дутерте убиени се 3.700 луѓе
Во првите 100 денови од мандатот на контроверзниот филипински претседател Родриго Дутерте во земјата се убиени 3.700 лица.
Дутерте во предизборната кампања вети дека безмилосно ќе ги убие сите кои на каков било начин се поврзани со дрога.
Според извештаите, во рок од три месеци убиени се 3.700 луѓе, а 26.000 се уапсени.
Илјадници од нив сами се пријавиле во полиција во стравување дека во спротивно ќе бидат убиени на улица или во нивниот дом.
Во борбата со нарко-мафијата Дутерте не поштедува никојго, ангажирани се убијци на мотори, ескадрони на смртта кои формално не постојат, но се знае дека се под ингеренција на филипинскиот претседател, или работите ги решава полицијата.
Дрогата е голем проблем на Филипини, каде само од метамфетамин се зависни 3,7 милиони лица.
Ново на Сител
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово
-
Неевидентирани лица од други општини сакаат да добијат бесплатен кров над глава во Штип
-
Расте бројот на ученици во стручното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип