Филипини и САД започнаа годишна воена вежба и покрај заканите на филипинскиот претседател
Вооружените сили на Филипини и САД почнаа денеска годишни воени вежби во тензична атмосфера поради антиамериканските изјави на новиот филипински претседател Родриго Дутерте и заканите дека надворешната политика на земјата ќе ја преориентира кон Пекинг.
Незадоволен поради критиките на САД за неговите крајни методи во борбата со наркотици, Дутерте предупреди, дека овогодишните вежби ке бидат први и последни за време на неговиот шестгодишен мандат.
Подоцна, сепак, филипинскиот министер за надворешни работи Перфекто Јасај, изјави дека тоа не е конечна одлука.
Командири на воено-морските сили на двете страни, изјавија на церемонијата, по повод почетокот на вежбите, дека нивната цел е да ја зголемат подготвеноста за одговор на кризата.
Во осумдневните маневри ќе учествуваат 1.100 американски и 40 филипински војници.
Ново на Сител
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
-
Бајден: Само Господ може да ме отстрани од претседателската трка
-
НАТО и името на „координацијата за меѓународната безбедносна помош“ за Украина
-
Сончево и топло, температура до 36 степени
-
САД ќе продолжат да се ангажираат за прашања од заеднички интерес