Кошарка
23. August 2015 - 9:37

„Црвената фурија“ пресилна за Македонија

Македонската кошаркарска репрезентација синоќа на гостувањето кај Шпанија претрпе убедлив пораз со 94:63. Ова воедно беше трет пораз за македонските кошаркари во подготовките за Европското првенство, кое почнува на 5.септември.
Во текот на првото полувреме  Шпанија беше подобра во сите елементи и по 20 минути игра водеше со 52:26. Нашите кошаркари третиот период го одиграа најдобро и го решија во своја корист со 22:17, па и за момент ја намалија високата предност на ривалот. Сепак „црвената фурија“ во последната четвртина повторно ја зголеми предноста.
Најефикасни кошаркари во нашиот национален тим беа: Ричард Хендрикс со 12  поени (6 скокови), Бојан Трајковски  со 11 поени, Предраг Самарџиски10 и Војдан Стојановски со по 8 постигнати кошеви.Кај Шпанија најрасположени беа Руди Фернадез со 14 и Хернангомез со 12 поена.
Следниот натпревар Македонија го игра повторно против Шпанија на 25.август (вторник) во Логроњо.