Филипче: Застапеноста на британскиот сој на вирусот расте, сега е некаде околу 20%, најмногу во Прилеп и Охрид
Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во дневникот на телевизија Сител рече дека засега не треба да се размислува за други мерки и рестрикции за спречување на ширењето на британскиот сој на Ковид-19 вирусот.
„Иако бројките не се ниски нема драстичен скок, нема голем кластер низ градовите. Ја следиме состојбата во Скопје и другите градови ги следиме како посебни епидемиолошки региони, застапеноста на британскиот сој на вирусот расте, сега е некаде околу 20%, најмногу во Прилеп и Охрид. Во тие центри не приметуваме зголемување на бројот на пациенти. Точно е и тоа е утврдено дека полесно се пренесува, според некои публикации можно е болеста да е полесна, според некои други публикации е потешка, тоа не може се уште со точност да го утврдиме. Кај нас има 30-тина детектирани соеви на вирусот, близу 1000 ширум светот. Ние засега не регистрираме дека има влошување на епидемиолошката ситуација и затоа сме внимателни. Секогаш апелираме граѓаните да ги почитуваат мерките, сега е тоа од посебно големо значење“, истакна Филипче.
Ново на Сител
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима
-
Македонските компании не знаат за ЕУ стандардите
-
Преглед на вестите од светот
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат