-->
-->
Филипче за утре најави донација од 13 000 брзи тестови, најнова технологија за детектирање на Ковид-19
-->
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вечерашното гостување во вестите на телевизија Сител најави дека утре, во Министертсвото за здравство ќе пристигне донација од 13 000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид 19. Тестовите ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде се врши тестирањето.
„13 000 брзи тестови кои што следната недела ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде што се прават тестирања. Тоа се брзи тестови кои што се готови за 15 минути, тоа се најновите тестови, најновата технологија, со тоа уште повеќе се зголемува капацитетот на сите државни лаборатории и тоа ќе стане и редовна пракса на тестирање.“ рече министерот Филипче.
Освен оваа донација Министерството за здравство, со ребалансот на буџетот добива голема сума пари, близу 40 милиони денари, со кои следниот период ќе бидат набавени близу 100 000 тестови, како би се одговорило на потребите на граѓаните.
Изминатава недела се зголемија тестирањата во Државните лаборатории, а тоа значајно го олесни пристапот кон тестирање. Министерството за здравство го зголеми капацитетот на лабораториите, па така од почетокот на кризата ако имаше по 200 тестирања, сега се стигнува до бројка близу 2000, со можност во иднина да се зголеми бројот на тестирања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈСП има нафта за уште 3 до 5 дена - Тендерот за набавка заврши, ама не се знае дали е успешен
-
Протест против загадениот воздух идниот вторник во Скопје
-
СЗЛДМ - Петиција за итно обезбедување на сензори за сите и квалитетни инсулински пумпи!
-
Преглед на вестите од свет
-
Состанок на НАТО - Помошта за Украина во фокусот
-
Владата не гледа објективни причини за барањето на СДСМ за лидерска средба
-
СДСМ: Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите
-
Храбро срце со реакција за малиот буџет за трансплантации