Македонија
9. September 2020 - 16:24

Филипче за Сител: Од понеделник хронично болните на работа

Нема простор за страв и паника кај сите пациенти со хронични заболувања, изјави Филипче за Сител.

Донесена е одлука за враќање на работа на сите лица кои имаат хронични заболувања, коишто до сега беа ослободени од работа, постои начин да бидат и понатаму ослободени лицата кои навистина треба да останат дома. 

Лекарите специјалисти ќе имаат можност да даваат боледување кое ќе биде подолго од тоа што беше до сега временски лимит, може да трае и неколку месеци дури има опција и на неопределено време. 

Суштината е во типот на дијагноза во рамките на една дијагноза за хронична болест има различен стадиум во кој се наоѓа пациентот. Со иста дијагноза двајца пациенти може да имаат сосем нормален живот и за истата дијагноза заради значајна слабост на некој орган може да биде онеспособен да фукционира сам и да тој не треба да оди на работа во време на пандемијата.

Сите кои се наоѓаат во ваков случај ќе можат да го продолжат боледувањето без физичко присуство на прегледи а за новиот систем со цел да се добие подолго временско боледување ќе бидат пуштен повеќе термини преку „Мој термин“ и опција на е-амбуланта за да специјалист утврди дали е потребно пациентот да оди на преглед или не мора да присуствува физички и врз основа на тоа да даде боледување.