Филипче: За ризичните групи вакцинацијата е приоритет и високо препорачана
Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска имаше состанок со директорите на Зравствените домови (ЗД) од цела држава, каде се дискутираше за вакцинацијата против Ковид 19. Организирањето и спроведувањето на процесот на вакцинација против Ковид 19 е од особена важност и вклучува повеќе чинители во државата, посочи Филипче.
-За вакцинација на граѓаните ќе се користат постоечките вакцинални пунктови во здравствените домови низ државата, болници и други здравствени капацитети, бидејќи таа инфраструктура е добро поставена и функционира. Секој здравствен дом, ќе треба да достави извештај по направен увид во човечки капацитети со кои располага како и задолжителна проверка на техничките капацитети и нивната функционалност. Исто така секој ЗД ќе мора да назначи одговорно лице за координација и организација на Ковид 19 вакцинацијата - рече Филипче.
Здравствените домови, ќе добијат о прашалник каде ќе треба детално да го наведат бројот на кадарот за вакцинација, нивната обученост бројот на вакцинални пунктови, во колку смени работат во работни денови и викенди, како и колку од персоналот учествувал во обуки за одржување на „студен синџир“, истакна професор д-р Александра Грозданова претседател на Комитетот за имунизација.
Во стручна видео презентација професор Грозданова пред директорите на ЗД образложи повеќе клучни сегменти за процесот на вакцинација, чување и дистрибуција на вакцината, начинот на апликација на вакцината, процесот на вакцинирање, како ќе се закажува вакцинација преку системот Мој термин. Секој ЗД ќе изготвува записник од извршено примопредавање на вакцината, а преку системот Мој термин ќе се следи процесот на вакцинација.
-Се поставува посебен модул на Ковид 19 вакцина, идентичен како оној кој сега се користи за други вакцини. За нашите колеги во вакциналните пунктови ќе биде стандардна постапка за давање вакцина, сепак бидејќи е нова вакцина ќе се организиара едукативен тренинг - рече проф. д-р Грозданова.
На директорите на здравствените домови им беше посочено дека почетокот на вакцинацијата нема да значи веднаш намалување на ризикот од Ковид 19, ниту пак веднаш ќе се почувствува намалување на притисокот врз здравствените домови. Ризичните групи, со голем ризик за Ковид 19 ќе бидат приоритетно вакцинарани и за нив вакцинацијата е високо препорачана но не задолжителна. Вакцинацијата за Ковид 19 ќе биде бесплатна за сите граѓани, а лична одлука на секој граѓанин е дали ќе се вакцинара.
Ново на Сител
-
По интерпелацијата на Илире Даути, партиите со свои ставови дали треба да остане на таа функција
-
На Попова Шапка 62 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 39
-
Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба делницата Градско - Дреново
-
Грчката амбасадорка ќе го посети Собранието
-
Контингент од 72 мексикански пожарникари се приклучи во гасењето на пожарите во Лос Анџелес
-
Руте: Инвестирајте повеќе во одбраната или почнете да учите руски јазик
-
ЕУ ги продолжи санкциите за поддржувачите на Хамас и Палестински исламски џихад
-
Облачно со темератури под нулата, снег во јужните и југозападните делови од државата