Филипче: Во последниот период значајно расте интересот за вакцинација на помладите граѓани
Пунктот за вакцинација во малата сала во СЦ Борис Трајковски од рано утрото започна со работа. Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат може да го направат тоа без закажан термин. Во останатите поликлиники во Скопје и во сите други пунктови низ државата продолжува да се одвива вакцинација и ревакцинација на граѓаните.
-Еден дел од тимот лекари и медицински сестри и волонтери од Црвениот крст од повеќе пунктови во здравствените домови во Скопје од денеска функцинираат и работат тука со цел да се зголеми пристапот до вакцините имајќи го предвид големиот интерес што го има кај граѓаните по воведувањето на новите мерки и препораки, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
На територијата на целата држава, нагласи, вакцинацијата добро се спроведува одличен е просекот на граѓани кои се јавуваат секој ден некаде над десеттина илјади и со тоа вкупниот број граѓани кои се сега вакцинирани со најмалку една доза се близу 700 илјади, од кои 510 илјади се ревакцинираи.
-Она што е карактеристично и интересно е тоа што во последниот период значајно расте интересот за вакцинација на помладите граѓани, особено од 18 до 40 години и сега таа бројка изнесува 170 илјади вакцинирани граѓани, што според анализите е 26 проценти од вкупно население во тие возрасни групи, рече министерот Филипче.
Тој смета дека можеби вакцината против коронавирусот ќе стане и сезонска и оти ќе биде потребна и трета доза за што, според него, зборуваат и голем број студии. Кај нас се разгледуваат студиите и искуствата, нагласи, но веројатно е дека практично целиот свет ќе оди во таа насока. Сега се разгледува по кој период од ревакцината треба да се прими третата доза и дали треба да биде од ист или различен производител.
Според него, кампањата „Вакцинирај сѐ“ ќе биде клучна за зголемување на свеста кај граѓаните од потребата од имунизација.
-Кампањата значи видео спотови, вклучување на видни и јавни личности од светот на културата, светот, сите кои мислиме дека имаат влијание на различни групи во општеството за да се зголеми свеста за важноста на вакцината. Ова ќе биде долготраен процес. Се зборува за трета доза вакцина, можеби ќе стане сезонска иако е рано да се каже. Потребна е честа комуникација со граѓаните за пораката која се кажува секојдневно. Ова нема да престане додека не се вакцинираме сите, рече Филипче.
Вели дека тоа што се инвестира во кампањи воопшто не значи дека се скратени средствата на некое друго место, туку дека се внимава буквално на сите сегменти кога е во прашање вакцинацијата.
Ново на Сител
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници
-
Преглед на вестите од светот
-
Јаневска: Можно е враќање на старата концепција за основно образование
-
Приватните превозници ќе ги паркираат автобусите
-
Судскиот совет смета дека распуштањето не е добар чекор
-
Мизрахи: Укинувањето на економските директори го укина дуализмот во здравството
-
Чибишев: 18 луѓе незаконски работеле работеле на Токсикологија