Филипче: Во моментов нема потреба од дополнителни рестрикции, треба да се почитуваат мерките
Состојбата е крајно сериозна, здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот. Сакам да се заблагодарам на сите здравствени работници, сите вклучени во овој процес, за надчовечките напори што ги даваат во моментот. Знам дека се преморени, но искрено верувам дека ќе одговориме и на овој огромен здравствен предизвик за да издржиме и се избориме со овој опасен бран, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека бараат поддршка од сите, од граѓаните, од медиумите, буквално од сите.
-Колку и да е ова досега кажано, ќе повторам дека клучот во битката и стабилизирањето на состојбата е доследното почитување и придржување до мерките. Вирусот е широко распространет и најмало невнимание или отстапка може да значи инфекција. Имаме одлично димензионирани мерки. На утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести заклучивме дека дополнителни рестрикции во овој момент не треба да се прават, рече Филипче.
Апелираше да се почитуваат сегашните рестриктивни мерки, да не се излегува од дома ако се нема потреба, освен ако се нема некоја голема потреба, во маркет, на работно место или во училиште.
-Само сите заедно, солидарни и одговорни можеме да се справиме со кризата, додаде Филипче.
Ново на Сител
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
-
Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам