Филипче: Тројцата наши државјани не се меѓу заболените од коронавирусот на бродот во Јокохама
До утрово немаше некоја измена односно иако расте бројот на заболени од коронавирусот внатре во бродот во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, тројцата наши државјани кои работеле на бродот не се меѓу заболените. Информациите за нив ги добиваме преку луѓето назначени за комуникација преку меѓународниот здравствен правилник. Тоа се двајца наши вработени во Институтот за јавно здравје.
Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека на дневна основа се комуницира со таа меѓународна институција.
Одговарајќи на новинарско прашање дали има најава од Кинеската амбасада кога треба да се вратат кинеските работници кои работат во земјава, посочи дека што се однесува до кинеските државјани немаат информација од Кинеската амбасада ниту пак најава.
– Тие ќе најават кога тие кинески државјани кои треба да се упатат во нашата земја ќе бидат ставени во карантин. Значи ќе имаме уште дополнителни две недели откако тие ќе бидат во карантин и практично и кинеските здравствени власти ќе бидат осигурани дека ќе бидат пратени здрави заради тоа што ќе помине периодот на инкубација и ние дополнително да се осигураме со нашите превентивни прегледи, додаде Филипче по пуштањето во употреба на реновираниот вакцинален пункт во Поликлиниката во Ѓорче Петров, каде е набавен и нов рендген апарат.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
