Филипче: Ти си на одмор, но вирусот не е
Министерот за здравство Венко Филипче порача да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот Ковид -19 за време на престојувањето во летните одморалишта со носење маски, држење физичка дистанца и честа дезинфекција.
-Ти си на одмор, но вирусот не е! Избегнувај собирање во големи групи, носи маска, за да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19, затоа што јавното здравје е заедничка одговорност, напиша Филипче на неговиот фб профил.
Со оглед на зголемениот број посетители во туристичките места низ државата, Министерството за здравство порано, денеска преку соопштение апелираше да се почитуваат донесените протоколи од Комисијата за заразни болести, кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во текот на пандемијата со Ковид-19, како од страна на посетителите, така и од страна на вработените.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба