Македонија
27. August 2021 - 13:30

Филипче: Средните училишта во Гостивар и Тетово ќе ја започнат учебната година со онлајн настава

Министерот за здравство Венко Филипче денеска од Тетово кажа дека е донесена одлука средните училишта во Гостивар и Тетово да ја започнат учебната година со онлајн настава, а учениците од основното образование да одат со физичко присуство.

„Со консензус се донесе препораката за средните училишта во полошкиот регион, Тетово и Гостивар учебната година од 1-ви септември да ја започнат онлајн и тоа да биде во првите две недели, а понатаму согласно тоа како ќе се одвива ситуацијата со бројот на новодијагностицирани лица“, кажа  Филипче.