-->
-->
Филипче: Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува
-->
Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува, а тоа го гледаме по бројот на новодијагностицирани случаи, веќе повеќе денови по ред се намалуваат, напиша денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче, по редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите.
На состанокот, била анализирана состојбата со Ковид-19 во изминатите 24 часа. Според министерот Филипче, спласнува притисокот врз болниците, иако не се целосно ослободени голем број одделенија.

-Спласнува притисокот врз болниците, иако не се целосно ослободени голем број на одделенија, бидејќи карактеристично за овој бран е влошувањата кај пациентите да настапуваат малку покасно, па оттука циклусот на ослободување на болничките капацитети доаѓа 2-3 недели подоцна, пишува Филипче на фејсбук.
Тој испрати апел до граѓаните на максимална внимателност и во периодот кој ни претстои.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
