Филипче: Полицискиот час останува и по првомајскиот викенд

Полицискиот час останува и по првомајскиот викенд. Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека е рано да се зборува за целосно укинување на рестрикцијата за движење. Според него, и натаму се анализира колку заболени има во одредени региони, пред да се донесат нови мерки или да се укине некоја од постоечките. Филипче вели дека не може да се каже што би препорачала Комисијата за заразни болести по првомајскиот викенд, бидејќи во моментов се следи и дали носењето заштитна опрема ќе придонесе да се намалува бројот на заболени со вирусот.
„Имаме некои проекции за тоа кога би бил крајот на епидемијата, ако бројките продолжат вака. До крајот на оваа недела, но и почетокот на следната ќе биде важна за тоа какви ќе бидат препораките за понатаму. Засега, полицискиот час апсолутно останува. Премногу е рано да се зборува за тоа“, рече Филипче.
Тој посочи дека досега не е евидентирано поскапување на маските за заштита од коронавирусот, но и дека можат да се носат марами или шалови. Но, тој ќе побара инспекторатите повторно да направат проверки во аптеките.
„Сосема доволна е прекривка како шамија, марама или форма на шал. Не мора задолжително да биде хируршка маска. За целта да се постигне, затоа ги дадовме сите алтернативи и во Уредбата. Сите материјали спречуваат капките да циркулираат меѓу луѓето, посебно на дистанца помала од 2 метрa. Во болничките установи важат други правила, но во маркети, пошти итн., марамите и шамиите имаат доволен ефект. Немам информација дека има зголемени цени на маските, но ќе сигнализирам да се направи проверка“, даде Филипче.
Во однос на првомајските празници, Филипче рече дека мора да се почитуваат препораките, за да не се зголемува бројот на заболени од вирусот.
„Сите имаме подеднаква одговорност, секој кон себе и кон останатите. Не смее да го дозволиме и да го доведеме во прашање она што го надминавме, најтешкиот период и најголем предизвик. Нашите анализи покажуваат дека трансмисијата во целата држава е под 1 и чекаме уште неколку денови за да видиме каков ќе биде трендот во наредните денови. Ја израмнивме кривата линија, ако го задржиме овој тренд, ќе го вратиме животот во нормала“, кажа министерот.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
