Филипче: Патронажната служба во Кочани посетила повеќе од 1300 домаќинства
Мобилниот сервис за здравствени и социјални услуги, кој минатата година почна да се имплементира во Општина Кочани ја постигна целта за зајакнување на интегрираните услуги за нега и заштита на населението од здравствен и социјален аспект, оцени министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на Општата болница со проширена дејност Кочани.
-Ги зајакнавме интегрираните услуги за нега и заштита на населението од здравствен и социјален аспект во Кочани, а исто така ја постигнавме и специфичната цел која се однесува на идентификација на базата на податоци на локалното население за пациенти со кардиоваскуларни проблеми, дијабетес кај стари и изнемоштени лица и лица од социјален ризик. Здравствените услуги ги доближивме поблиску до граѓаните, потенцираше министерот Филипче, соопшти Министерството за здравство.
Во период од една година, се посочува, услугите ги искористиле повеќе од 1.600 пациенти во опфатеност од 28 населени места и градот Кочани.
-Пациентите се навистина задоволни, бидејќи организиран и стручен тим од медицински сестри, социјални работици и координатор – социолог оди на терен, во домовите на пациентите и се грижи за нив. Процентуалната опфатеност на селата е 62% и во градот 38%. Вкупниот број на домаќинства кај кои е направено прва посета изнесува 1303, рече директорот Александар Серафимов.
Придобивка од овој интегриран сервис е информираноста и свесноста на населението за своето здравје, обезбедувањето на здравствена заштита на лица кои немале одбрано матичен лекар, покривање со здравствени услуги на пациенти кои доаѓаат од рурални средини.
За потсетување, Светската здравствена организација ги оцени интегрираните услуги за домашна нега на Министерството за здравство како одлична мерка за поттикнување на унапредувањето на здравствените услуги кај граѓаните.
Во месец ноември, 134 медицински сестри почнаа со работа во траење од шест месеци во службите на патронажна дејност во здравствените домови и општи болници во земјава, наведуваат од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата