Филипче: Пациентите по своја волја се лекуваат во приватните болници, за цените разговори оваа недела

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека оваа недела ќе поразговара со претставници на приватните болници околу цените за лекување кои, според граѓаните, се многу високи.
Според Филипче, сите пациенти кои одат во приватните болници, тоа го прават по своја волја. Во државните здравствени установи и на клиниките се лекуваат сите кои имаат итни состојби, малигни болести и оние на кои им е потребна здравствена нега, и тоа сосема доволно и добро се прави. Се одложуваат само случаите кај кои тоа нема да предизвика влошување на здравствена состојба.
-Оваа недела ќе поразговараме за цените, но тоа се цени кои ги детерминираат самите приватни болници и тоа така било отсекогаш. Никој од пациентите не е дивертиран да оди и да бара здравствена услуга за ниту една специјалност во приватните болници. Тоа не се случило. Кај нас може да се добие здравствена нега за која било патологија во сите градски болници во Скопје и во болниците низ државата. Сите пациенти кои се лекуваат во приватните болници, тоа го прават како и претходно, за друга патологија, по своја волја и ние тука нема можеме да ја спречиме волјата на пациентите да се лекуваат во приватни болници, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата на која беа најавени нови рестриктивни мерки.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
