-->
-->
Филипче: Обезбедени респиратори, маски и тестови
-->
Обезбедени се 55 респираторни машини од кои 25 од страна на Канцеларија за услуги на проекти на ОН (УНОПС), преку средствата обезбедени од Норвешка и 30 преку УНДП од добавувач од Кина, за чија набавка на располагање ќе се стават дел од итните средства кои ги обезбеди Европската Унија за поддршка на земјава во справување со коронавирусот, објави денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
Тој вчера на прес-конференција истакна дека во текот на следната недела како донација треба да пристигнат и 500.000 маски и 20.000 тестови, реагенси за тестирање на коронавирусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски