Македонија
25. March 2021 - 21:31

Филипче: На 28 март ќе пристигне првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва најави дека во недела, на 28 март во државава ќе пристигне првата пратка вакцини од „Астра Зенека“ преку Ковакс системот.

-Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс системот, објави вечерва на својот фејсбук профил министерот Филипче.