Филипче: Фокусирани сме на болничките капацитети, да се обезбедат доволно болнички кревети и кадар
Најмногу сега сме фокусирани на болничките капацитети, тоа е критично прашање на кое сите сме фокусирани, како да се обезбедат доволно болнички кревети и кадар што ќе работи и ќе ги лекува пациентите, истакна министерот за здравство Венко Филипче, откако денеска заедно со министерката Радмила Шекеринска во Поликлиниката Букурешт присуствуваа на предавање на воено санитетски возила од Армијата на времено користење на јавното здравство со цел да се помогне во справувањето со пандемијата и грижата за населението.
Можно е да има некои случаи, наведе, што чекаат подолго време, но ние, како што рече, сме фокусирани, на она што значи оптоварување на болниците. Додаде дека секогаш има одреден број пациенти кои чекаат некаква административна постапка имајќи го предвид огромниот притисок и затоа е касното објавување на резултатите.
Во однос на реакцијата од здравствени работници вработени во Институтот за белодробни заболувања – Козле, во сите изминати месеци не добиле никакви надоместоци, бонуси…, Филипче побара време да провери и повтори дека со ребалансот на Буџетот се обезбедени близу 60 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои работат со ковид пациентите.
Тој информира дека до утре се чека списокот од сите јавни здравствени установи, на сите лекари, медицински сестри, помошен персонал и се планира, како што рече, сите да добијат еднаква сума, без разлика на кое ниво се во здравствениот систем, како награда за справување со кризата.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи