Филипче: Да не се пијат антибиотици неконтролирано, има доволно лекови за третман на пациенти со Ковид-19
Да не се пијат антибиотици неконтролирано. Има сосема доволна количина лекови за третман на пациенти со Ковид-19. Ова не е болест за која има еден специфичен лек, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој рече дека огромен број клинички студии се прават и се уште нема еден лек за третман на болеста.
– Станува збор за комбинација на лекови. За секоја од комбинациите е потребно да се погоди тајмингот и индикацијата врз основа на анализите. Од клиниката слика, од манифестацијата и од анализите на крв на белите дробови итн. зависи каква терапија ќе биде препишана на пациентот, како на примарно ниво, така и во болнички установи, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по примопредавањето на донацијата од 13500 брзи тестови за државава од Кралството Норвешка во кругот на Воено-медицинскиот центар во Скопје.
Тој рече дека им укажал професорот Никола Пановски од Институтот за микробиологија на случај во кој се препишани поголем број антибиотици и им испратил документи кои ќе ги испитаат.
– Сакаме да видиме дали за тоа имало индикации и Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја направи таа анализа. Станува збор за случај од околината на Струга. Денеска го замолив професорот да направи консултација со нашите експерти од Клиниката за пулмологија во врска со препишувањето на антибиотиците. Верувам дека некои од овие прашања ќе се расчистат, нагласи Филипче.
Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека предвидувања е многу тешко да се дадат заради тоа што е се поочигледно дека вирусот е многу непредвидлив како во смисла на епидемиолошките карактеристики, така и во смисла на клиничката манифестација на болеста.
Додаде дека се очекува сосема лесно намалување на бројот на новодијагностицирани случаи во следниот период доколку се почитуваат мерките.
Ново на Сител
-
Осуденик за „убиство“ усмртил осуденик за „семејно насилство“ при тепачка во психијатриската болница во Бардовци
-
69-годишник тешко повреден откако бил прегазен со мотоцикл во Тетово
-
Русија ги обвини САД за нелегален трговски притисок врз Индија
-
Возач од Македонски Брод возел со 2,39 промили алкохол во крвта
-
Нестабилно со дожд и грмежи, следните три дена пораст на дневната температура
-
Спречен шверц на цигари во вредност од скоро 4.000 евра - пет лица добиле кривични пријави | ФОТО
-
Нејмар подготвен за враќање ви репрезентацијата на Бразил
-
Почнува нејасно да зборува, ова е моментот кога српскиот министер Глишиќ доживеа мозочен удар | ВИДЕО