-->
-->
ФИФА:Швајцарија почна да ги екстрадира уапсените
-->

Швајцарските власти во четвртокот објавија дека екстрадирале во САД еден од седуммината високи преставници на ФИФА, кои се обвинети за корупција. Името на лицето кое е екстрадирано не е објавено, но минатата седмица се појави информацијата дека Џефри Веб не се противел да биде израчен во САД.
Во мај годинава, непосредно пред почетокот на конгресот на ФИФА во Цирих, швајцарските власти, по налог на американското FBI, уапсија седуммина функционери на оваа организација. Уапсените се осумничени за корупција, измама и перење пари, а се товарат и за примање поткуп за СП-а во 2018 и 2022 година да им бидат доделени на Русија, односно Катар.
Истрагата против уапсените се води во САД.
Апсењата предизвикаа Сеп Блатер, кој неколку дена по акцијата во Цирих, го доби својот петти претседателски мандат во ФИФА, да ја најави оставката кон крајот на годината.
Покрај Веб, кој е државјанин на Кајманските острови и поранешен претседател на КОНКАКАФ, во мај во Цирих беа уапсени Едуардо Ли, Хулио Роча, Еугенио Фигуередо, Хозе Марија Марин, Рафаел ескувиел и Костас Такас. Сите тие се наоѓаат во притвор во САД и чекаат да бидат екстрадирани во САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
