-->
-->
ФИФА обезбеди помош за македонскиот фудбал
-->
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) осигура 1.5 милијарди долари помош, донации и заеми за секоја од 211 членки кои се погодени од пандемијата на коронавирусот.
„ФИФА едногласно одобри план за помош во износ од 1.5 милијарди долари, но ФИФА ќе изврши строга контрола како се употребуваат средствата“ – рече претседателот Џани Инфантино.
Секоја членка на ФИФА, меѓу кои и ФФМ може да добие 1 милион долари плус дополнителен половина милион за помош на женскиот фудбал.
Останатата помош ќе биде во облик на бескаматни заеми кои можат да достигнат до 35% од приходите на секоја федерација.
Минимално секој ќе добие по 500.000 долари, а максимумот е 5 милиони долари.
„Клубовите и сојузите се во вистинска опасност. Во некои делови од светот фудбалот се уште не продолжил. Мораме да им помогнеме“ – рече Инфантино.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга