-->
-->
ФИФА му изрече суспензија на Сане
-->
Светската фудбалска федерација (ФИФА) му изрече денеска суспензија од три меѓународни натпревари на германскиот репрезентативец Лерој Сане.
Сане е санкциониран поради инцидентот на пријателскиот натпревар против Австрија кога го турна на земја противничкиот играч Филип Мвене.
ФИФА во денешното соопштение наведе дека Сане е суспендиран три натпревари, што значи дека фудбалерот на Баерн Минхен ќе ги пропушти пријателските натпревари на репрезентацијата пред стартот на Европското првенство чиј домаќин ова лето ќе биде Германија.
Фудбалската федерација на Германија соопшти дека одлуката на ФИФА не е конечна и најави евентуална жалба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
Пациентите од трагедијата во Кочани, во втора и трета фаза ќе се лекуваат во штипска Клиничка
-
Безбедносната состојба во справување со пожари неповолна
-
Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа
-
Дисциплинска постапка за двајцата полицајци кои лажно тврделе дека возилото „Порше“ е службено
-
Вол Стрит загуби пет трилиони долари, Трамп вели - „Падот на акциите оди многу добро“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Левица во директен договор со извршител и банка купиле конфискуван имот за 3 пати пониска цена
-
Преглед на вестите од светот