Фицо: Влезот на Украина во НАТО може да доведе до директен конфликт меѓу Алијансата и Русија
Потенцијалниот влез на Украина во Северноатлантската алијанса може да доведе до директен конфликт меѓу Русија и НАТО, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Ние постојано се придржуваме до еден од главните принципи на суверената словачка надворешна политика, според која членството на Украина во НАТО го загрозува мирот во целиот свет.
Постојат воинствени земји од НАТО кои или воопшто не разбираат што би значело членството на Украина во Алијансата или, напротив, сакаат да предизвикаат директен конфликт меѓу НАТО и Русија, што би било почеток на третата светска војна“, изјави Фицо.
Како што пренесува телевизијата ТАЗ, тој истакна дека тие земји инсистирале дека резолуцијата на самитот на НАТО ја одразува директната обврска на Алијансата да ја прифати Украина, што би било неприфатливо за Словачка.
Фицо ја поздрави и одлуката на самитот на НАТО, според која Киев може да очекува прием во Алијансата дури откако ќе ги исполни сите услови и ќе добие согласност од сите членки на Алијансата.
Самитот на НАТО се одржа во Вашингтон од 9 до 11 јули
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка