„Фич“ го намали рејтингот на Каталонија по усвојувањето резолуција за независност
Агенцијата за рејтинг „Фич“ ја намали за два степена оценката на долгорочниот долг на Каталонија до „ББ“ во шпекулативна категорија, откако на 9 ноември Парламентот на шпанската провинција усвои резолуција за започнување процес на независност, што ќе биде постигнат најдоцна во 2017 година. Претходната оценка на Каталонија беше „БББ-“.
Агенцијата ја образложи одлуката со растечката напнатост, што би ја предизвикало кризната ситуација меѓу централната Влада во Мадрид и властите на Каталонија. Долгот на Каталонија е околу една третина од нејзиниот БДП.
Решението е со негативна перспектива, што значи дека „Фич“ може дополнително да ја намали оценката на среднорочен план.
- Независно какви мерки ќе преземе централната влада, има ризици тие да доведат до заострување на напнатоста меѓу двете влади и социјални немири, се наведува во изјава на „Фич“.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожар во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово
-
Затвореник нападнал и силувал друг затвореник во Идризово
-
Двајца вработени на УНХЦР загинаа во израелските напади врз Либан
-
Полицијата најде младо починато момче во Скопје
-
Владата ги укина лиценците за интернет игри на среќа
-
Министерот Мисајловски во Вашингтон на билатерални одбранбени консултации со САД
-
Мицкоски: Албанскиот јазик не е загрозен, лично го почитувам и тоа го покажуваме со дела
-
Курти: Нападот во Бањска беше терористички чин на агресија против територијалниот интегритет на Косово