ФХ3Х учествуваше во два од петте филма номинирани за Оскар за визуелни ефекти
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х го објави своето учество во визуелните ефекти на „The Martian“ и “The Revenant“, два од вкупно петте филма номинирани за највисокото признание во индустријата, Оскар за најдобри визуелни ефекти.
Номинациите за 88-то издание на Оскарот беа објавени во Семјуел Голдвин Театарот во Беверли Хилс. Актерот Џон Красински, претседателот на Академијата Шерил Бун Ајзак и режисерите Гиљермо дел Торо и Анг Ли ги објавија номинациите во сите 24 категории.
Во категоријата за најдобри визуелни ефекти за Оскарот ќе се натпреваруваат уште и “Ex Machina”, “Mad Max: Fury Road” и “Star Wars: The Force Awakens”.
Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ, сопственици на ФХ3Х, задоволни од објавените резултати на Академијата.
- Ни беше чест и гордост што бевме дел од такви проекти кои се натпреваруваат за највисокот признание за квалитет во нашата индустрија, особено што овие два филма се борат и за титулата најдобар филм во претходната година, велат Даниловски и Миливојевиќ.
Церемонијата на доделување на Оскарите ќе се одржи во Долби театарот во Холивуд, на 28 февруари, а водител ќе биде Крис Рок.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден