ФФРМ бара средба со Николовски за проблемите во јаболкопроизводството

Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) бара средба со министерот Љупчо Николовски на која би се разговарало за долгорочни и краткорочни мерки за проблемите и предизвиците во јаболкопроизводството.
Јаболкопроизводителите се соочуваат со проблеми по пролетниот мраз на 22 април кој уништи голема површина од овогодинешниот род јаболка.
ФФРМ бара минимална загарантирана откупна цена односно пет ден по килограм за индустриско јаболко на долгорочен период, а за да може да се продискутираат овие актуелни состојби и проблеми Федерацијата иницира средба помеѓу здруженија на земјоделци каде што членуваат јаболкопроизводители и откупувачите на јаболко која би се одржала овој месец.
Исто така ФФРМ бара утврдување на рокот за исплата на штетите од пролетниот мраз за 2016 и 2017 година за овоштарите и лозарите и целосна исплата на субвенциите за 2016 година за овоштарите во најбрз можен рок и тоа по сите основи.
Според статистичките податоци во Република Македонија од 2013 година, 5.477 хектари обработлива површина се користи за производство на јаболка во Пелагонискиот регион, од кои 5.384 хектари се индивидуален сектор, 93 хектари се деловни субјекти.
Ново на Сител
-

Стивнува грипот во Куманово
-

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластувањето
-

Приведени 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило
-

Лига Нации: Македонските фудбалери на стартот дома со Швајцарија, на крајот дома Словенија
-

Три пријави за физички напади врз партнерки пријавени на скопската територија
-

Кривична за 40-годишник за неовластено влегување во компјутерски систем, кривична против кочанчанец
-

Кон крајот на денот врнежи од дожд и ветер од северозападен правец
-

Мицкоски на средба со раководството на 4IG, пакет од 100 милиони евра инвестиции во телефонијата, вештачката интелигенција и енергетиката
