ФФРМ бара 17 денари за „вранец“ и 16 денари за „смедеревка“’
Откупната цена за килограм „вранец“ да биде 17 денари, а за „смедеревка“ 16 денари, додека договорите меѓу преработувачите и лозарите да бидат склучени пред откупот, да се почитуваат и да бидат под постојан надзор на Пазарниот инспекторат, бара Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ).
ФФРМ укажува и дека лозарството годинава претрпи оргомни штети. Од пролетниот мраз се уништени скоро 70 отсто од родот, посебно во кавадаречкиот регион. Но, сепак, смета, како што наведува, дека извоз треба да има заради подобар откуп.
- Бараме и што поскоро обесштетување, и на лозарите и на овоштарите, како и нивна доедукација за климатските промени чии последици се евидентни. Ваквите појави уште повеќе ги туркаат земјоделците во сиромаштија, затоа е потребна ефективна стратегија за адаптација на која заедно ќе работат државните институтии и невладиниот сектор за земјоделство и рурален развој, нагласува Федерацијата.
Според статистичките податоци, во Република Македонија 48.000 индивидуални земјоделски стопанства егзистираат од проиводство на грозје и од вкупната обработлива површина во Републикка Македонија пет отсто се лозови насади или вкупно 23.613 хектари. Најголем процент се во кавадаречкиот и неготинскиот регион.
- Токму овие семејства се најпогодени од пролетниот мраз, а со години наназад работат во загуба. Производната цена на винските сорти „смедеревка“ и „вранец“ се повисоки од откупната и се доцни со исплатата на откупеното грозје. Со години средната цена на винското грозје е непромената и изнесува 13 денари за „вранец“ и 11 за „смедеревка“, а во некои винарски визби е и пониска. Земјоделците работат со загуба, а некои откупувачи не им исплаќаат навреме, потенцира ФФРМ.
Барањата, како што соопшти, ќе бидат доставени до ресорното Министерство и стопанските комори. ФФРМ воедно иницира заедничка средба на лозарите и откупувачите со министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Ново на Сител
-
Од утре автобусите се враќаат на скопските улици – Вонредна седница на Град Скопје
-
Герасимовски: Град Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар
-
Тема на денот со Стефан Кирков, ВМРО-ДПМНЕ
-
Вонредна седница на Владата: ЈСП ќе добие нафта од државните резерви
-
Итна седница во советот на Град Скопје
-
Македонскиот јазик е на удар на соседите и со тоа е загрозен пристапниот процес во ЕУ
-
Растат платите, но и трошоците - За една година животот поскап за 13.000 денари
-
Граѓанските организации бараат државата да ги унапреди превентивните здравствени програми и да не крати средства