ФФМ: Може со Косово да се игра без публика?!

Од ФФМ најавуваат дека бараж средбата од Лигата на нациите со Косово може да се одигра пред празни трибини доколку продолжи заканата од ширење на корона – вирусот.
Засега во Македонија се почитува препораката на Владата за играње спортски натпревари без гледачи на трибините.
Дали оваа мерка ќе продолжи и колку ќе трае засега е неизвесно но јасно е дека од тоа ќе зависи дали Косово ќе гостува пред празни трибини во Скопје.
Од ФФМ најавија дека заедно со УЕФА внимателно се следи состојбата и дека препораките се средбата да се одигра. Сепак последниот збор ќе го има Министерството за здравство во согласност со состојбата со корона вирусот во Македонија.
Да потсетиме дека картите за дуелот со Косово веќе се во продажба но доколку се игра без гледачи парите за влезници ќе им бидат вратени на гледачите.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
