Loading Video...
Фудбал
27. December 2020 - 19:45

ФФМ демантира дека Просинечки го менува Ангеловски

Големо бранување во фудбалската јавност во Македонија донесе денешниот напис на српски курир дека ФФМ преговара со Роберт Просинечки за нов селектор на националниот тим откако на досегашниот Игор Ангеловски му заврши договорот.  Оваа вест веднаш ја демантира првиот човек федерацијата Муамет Сејдини. 
Македонската фудбалска репрезентација постигна историски успех и се пласира на ЕП кое ќе се одржи наредната година. Зад овој успех стои селекторот  Игор Ангеловски на кого во меѓувреме му заврши договорот.  И додека од ФФМ не шпекулираат со други имиња денеска македонската фудбалска јавност ја изненади информацијата од српски Курир дека се преговара со поранешниот селектор на БиХ , прославениот хрватски фудбалер Роберт Просинечки.  Просинечки моментно е без ангажман откако замина од клупата на турски Денизлиспор. Курир тврди дека официјалната промоција ќе биде во наредните денови. 
Оваа вест експресно ја демантираше претседателот на ФФМ Муамет Сејдини: 
„Информациите за било кое име за наш селектор се неточни. Потврдуваме дека не сме преговарале со ниту еден стручњак и нема да преговараме, додека не го сослушаме Игор Ангеловски и неговите барања. Неговиот договор истекува за неколку дена и наскоро ќе знаеме дали ќе постигнеме нов договор или не. Само во случај да не се договориме, ќе разговараме со опции за нов селектор“ изјави за гол.мк првиот човек на македонскиот фудбал. 
Екипата што победува не се менува, да се надеваме дека Ангеловски ќе ја предводи Македонија на следното ЕП: