Фестивал на трубите од 13 до 16 јули во Пехчево

Шесто издание на Фестивалот на трубите ќе се одржи од 13 до 16 јули во Пехчево.
Во рамки на Фестивалот на плоштадот „Св. Петар и Павле“ на 16 јули концерт ќе одржи балканската ѕвезда Саша Ковачевиќ.
- Освен Саша Ковачевиќ, на 4-дневниот фестивал на отворено ќе настапат и Миле Кузмановски, Силви бенд, дувачкиот оркестар „Џамбо Агушеви“, дувачкиот оркестар „Уска – Кан“, оркестарот на Бојан Ристиќ од Република Србија, оркестарот и мажоретниот состав од Ловеч од Република Бугарија. Покрај познатите музички имиња, во ревијалниот дел ќе настапат познати македонски и бугарски диџеи, истакна Елица Јовевска од општина Пехчево.
Пехчево за време на фестивалските денови очекува да пречека над 60 илјади гости.
- Во функција на фестивалот се ставени и сите расположиви сместувачки и угостителски капацитети. На плоштадот традиционално ќе бидат поставени штандови со скара и пиво, рече Јовевска.
Инаку, во натпреварувачкиот дел се уште трае пријавувањето на оркестрите, но како и секоја година, се очекуваат најдобрите инструменталисти од Македонија да настапат на сцената на отворено во Пехчево. Ќе бидат доделени и награди: златната труба, труба и тапан.
Како составен дел на фестивалот е и Саемот на традиционални производи и еколошка храна.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
-

Општина Охрид се подготвува за затворање на депонијата Буково
-

Дрвокрадството во последните неколку години намалено за 30 отсто
-

Преглед на вестите од светот
-

Нацрт – предлог на ЕУ – за Албанија “патокази, за Македонија економски придобивки“
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амабасадор во Софија
-

Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
