Фестивал на современа балканска музика во Штип
Во организација на СОКОМ и Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“, денеска во Штип ќе почне Фестивалот на современа балканска музика.
Фестивалот е конципиран со три концерти на ансамблот за современа музика „КонТемпора“ на кои ќе бидат претставени првенствено дела на македонски композитори, но и дополнети со творештвото на композитори од неколку балкански земји.
На првиот концерт вечер, „КонТемпора“ ќа настапи со пијанистката Ана Гацева. На вториот концерт ансамблот ќе настапи со дувачки квинтет во состав: Катерина Бачевска (флејта), Владимир Лазаревски (обоа), Игор Иванов (кларинет), Горан Јанев (хорна) и Марјан Милошевски (фагот).
Третиот концерт, пак, е предвиден со гудачки квартет во состав: Владимир Костов (виолина), Симон Поповски (виолина), Бојан Талески (виола) и Паскал Р. Краповски (виолончело).
Фестивалот ќе трае до 14 декември, а е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива